Утрински Весник
Спорт

Алиоски во Галатасарај

Алиоски во Галатасарај

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај, објавија турските медиуми.

Според „Фанатик“, Алиоски веќе го потпишал договорот со турскиот великан, а наредните денови тој ќе ја има официјалната промоција. Овој извор тврди објави дека Алиоски, потпишал четири годишен договор, според кој ќе заработува два милиони евра по сезона.

Алиоски, во Галатасарај се сели како слободен играч, откако му заврши договорот со Лидс јунајтед, каде што мина четири сезони.

> Алиоски во Галатасарај <

Можете да прочитате

Норис ќе стартува од пол-позицијата во Мадрид

Башкими и Вардар ремизираа во натпревар со шест голови

Во Велес денеска натпревари од државното првенство во кајак спуст