Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: На големиот граѓански собир ќе покажеме дека народот нема верба во оваа влада

Img 5587

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на општина Ресен, запрашан за активната блокада и најавените протести за 18. јуни рече дека и понатаму продолжуваат да го блокираат сето она кое се однесува за тесни партиски интереси како автентичното толкување на законот за игри на среќа, законот за марихуана и ред такви закони од кои што граѓаните, како што кажа, нема да имаат никаков бенефит.

„Ќе продолжиме сето тоа да го блокираме бидејќи огромно мнозинство од граѓаните во Република Македонија мислат дека оваа влада треба да замине и дека Македонија се движи во погрешна насока. Како второ, Ковачевски и оваа влада упорно бегаат да седнеме на маса да преговараме за дата за предвремени парламентарни избори, но и за сите актуелни прашања кои што народот ги живее. Така што, можам да кажам дека продолжуваме во рамките на Парламентот со оваа активна блокада и со организација на големиот масовен собир бидејќи молчењето не е опција“, истакна партискиот лидер.

Ss1

Како што рече Мицкоски, целта на големиот граѓански собир на 18. јуни е да се упати порака дека времето на оваа влада е одамна изминато.

„Народот нема веќе верба дека оваа влада може било што да стори и време е за предвремени парламентарни избори со една нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да ја води Македонија напред преку патот на реформи и за подобра иднина на сите граѓани“, потенцира претседателот на опозициската партија.

Ss1

Можете да прочитате

Колони возила на Богородица, за излез се чека еден час

МЕСЕЧНА АНАЛИЗA НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦ МАЈ: Не очекуваат нешто пониски температури, но и повеќе врнежи – Постои можност и за временски непогоди

Дали знаете зошто го празнуваме Први мај?