Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Народот врие, преку глава му е од неправди, мафија и криминал

Мицкоски: Народот врие, преку глава му е од неправди, мафија и криминал

Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие. Излезе народот на улица, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешниот протест за осудените за упадот во Собранието.

Мицкоски во објавата упати честитки за сите оние кои присуствувале на протестот за уставобранителите, но и за оние кои, како што вели, со своите срца се за истите цели.

„Преку глава им е на луѓето од неправди, од мафија, од криминал, од неспособност. Слобода за устовобранителите!“, напиша во објавата на „Фејсбук“ претседателот на опозициската партија.

Тој порачува дека е подготвен за борба за исправање на неправдите и одговорност, без оглед за кого се работи.

„Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја“, изјави претходно Мицкоски.

Можете да прочитате

Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака, ќе бараме внатрешна контрола

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице за недозволена трговија со дрога и економски криминал