Утрински Весник
Политички Партии

Митева: СДСМ им го отежни животот на десетици илјади семејства

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на прес-конференција рече дека пратениците на СДСМ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари. СДСМ им го отежни животот на десетици илјади семејства.

„Линеарното зголемување на платите, кое СДСМ го отфрли, беше всушност и законска обврска на власта за спроведување, која не ја почитуваат, а произлегува од Законот за зголемување на минималната плата, кое само по себе бара линеарно усогласување на сите плати. Ова се истите пратеници што изгласаа буџет од речиси 4,5 милијарди евра, а во изминатите 5 години изгласаа буџети од вкупно 20 милијарди евра. Ова се пратениците што изгласаа буџет од кој се одвоија средства за набавка на златен прибор за јадење за потребите на Ковачевски од речиси 40.000 евра. Ова се пратениците што изгласаа буџет од кој се одвоија средства за грантот на Заев, кој е во висина од 1,4 милион евра“, рече Митева.

Таа истакна дека „овие 64 пратеници предводени од СДСМ се пратениците кои што ќе останат запаметени како пратениците што го овозможија луксузот на власта и одобруваа пари за тендерите на Заев и Ковачевски, а не сакаа да одобрат пари за работниците во јавниот сектор, од кои многумина со таа плата издржуваат цело семејство“.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт