Утрински Весник
Магазин

Мистер Биг го нема во новото продолжение на „Сексот и градот“

ОВАААА

 

Во новото продолжение на хит-серијата „Сексот и градот“ што моментално се развива за стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ го нема мистер Биг, човекот кој го украде срцето на Кери Бредшо.

Инсајдери за „Пејџ сикс “ изјавија дека Крис Нот (66) нема да биде вклучен во новиот проект And Just Like That (И просто, така), серија во 10 епизоди што ќе се емитува на „ХБО макс“.

Крис Нот го портретираше Џон Џејмс Престон, шармантниот бизнисмен кој подоцна ѝ стана сопруг на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) во серијата и во последователните филмови.

Двата лика сè уште беа во брак на крајот на вториот филм („Сексот и градот 2“).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување