Лондонски Тотенхем ја продолжува соработката со репрезентативецот на Јужна Кореја – Хеунг-Мин Сон. Тој потпиша нов четиригодишен договор со премиерлигашот.
„Со задоволство можеме да соопштиме дека Хеунг-Мин Сон потпиша нов четиригодишен договор со клубот кој ќе трае до 2025 година“ – се вели во соопштението на клубот.
И фудбалерот е среќен што ја продолжува соработката со Спарси.
„Веќе ми беше голема чест што играв шест години тука, клубот покажа огромна, огромна почит кон мене и јасно е дека сум среќен што ќе бидам тука и во иднина. Тука сум како дома, особено со фановите, фудбалерите, персоналот. Одлуката беше лесна, пресреќен сум што ќе бидам тука“ – рече Мин Сон.
? DEAL DONE: Tottenham have confirmed Heung-Min Son has signed a new deal with the club until 2026. (Source: @SpursOfficial) pic.twitter.com/19d2tVZT6n
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 23, 2021
> Мин Сон е верен на „петлите“ – уште 4 сезони во Тотенхем <