Утрински Весник
Свет

Министерка oд БиХ порача дека вакцината на „Астразенека“ е за сиромашни, компанијата размислува за тужба

Министерка oд БиХ порача дека вакцината на „Астразенека“ е за сиромашни, компанијата размислува за тужба
Img 5587

„Астразенека“ размислува да ја тужи БиХ во врска со изјавата на министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ, која рече дека вакцината од оваа компанија е за сиромашни, со послаб квалитет и евтина.

Како што пренесува сараевски „Аваз“, Алмир Бадњевиќ, директор на „Верлаб“, изјавил дека, според неговите информации, раководството на „Астразенека“ размислува за тужба против БиХ поради изјавата на министерката дадена на денот кога српскиот претседател Александар Вучиќ донираше 5.000 дози од вакцината на „Астразенека“ против коронавирус.

Img 5587

Турковиќ рече дека вакцината на „Астразенека“ е со лош квалитет. Потоа продолжи да омаловажува, тврдејќи дека вакцината не е одобрена за земјите од ЕУ и дека е наменета за сиромашни земји, а исто така додаде дека истата се произведува во Индија. Таа порача и дека вакцината е лесно достапна на пазарот и дека БиХ можела и самостојно да ја набави.

Изјавата наиде на огромен број коментари на социјалните мрежи во БиХ, кои во голем дел ја осудија изјавата на министерката, воедно прашувајќи ја зошто ако вакцината е толку лесно достапна, не била веќе набавена.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Над 30 лица загинаа во поплавите во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати

Орбан: Унгарија ќе ги зголеми трошоците за одбрана доколку војната во Украина продолжи

Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден