Утрински Весник
Спорт

Милан му го „краде“ планираното засилување на Интер

Италијанскиот шампион Милан би можел да однесе уште една победа над градскиот ривал Интер. Откако го освои „скудетото“ пред соседот од Милано, сега е поблиску до ангажман на еден од најбараните фудбалери во Италија ова лето.

Медиумите во Италија пред денови пишуваа дека Интер е на прагот да го доведе еден од најдобрите стопери во Серија А. Глејсон Бремер израсна фантастично минатата сезона и го привлече вниманието на големите клубови кон себе.

Иако сите го гледаа во Интер како замена за Милан Шкриниар кого Марота реши да го продаде, сега во трката за дефанзивецот од Торино се вклучи и Милан.

Претседателот на Торино, Умберто Каиро, бара 25 милиони евра за својот играч, а Паоло Малдини е подготвен да плати толку за неговите услуги.

> Милан му го „краде“ планираното засилување на Интер <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk