Утрински Весник
Култура

Меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ во Музејот на македонската борба

Меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“  во Музејот на македонската борба

Седмата меѓународна конференција „Запознај, види направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа ќе се одржи на 29 и 30 септември во НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Во два работни дена и 14 сесии, 50 професионалци од земјава и од Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Грција, Косово и Бугарија ќе дискутираат на тема За што се музеите? Назад кон основите!

Конференцијата е во организација на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и Балканската музејска мрежа, една од најважните регионални платформи којашто ги обединува музеите и професионалците кои работат во заштитата на културното наследство од балканскиот регион.

Свеченото отворање на конференцијата е денеска со почеток во 10.30. Конференцијата се реализира со поддршка на Министерството за култура како дел од Годишната програма, и со помош од Градот Скопје.

Текстот Меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ во Музејот на македонската борба е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“