Утрински Весник
Македонија

Мешовитата комисија не постигна договор за учебниците, темата за Гоце Делчев не дојде на ред

Мешовитата комисија не постигна договор за учебниците, темата за Гоце Делчев не дојде на ред
Ss2

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања не постигнаа договор за учебниците во Бугарија, а темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не беше воопшто дискутирана.

„Откако на претходните средби беа дискутирани учебници во Р. Бугарија по историја за 6 клас, членовите на Комисијата водеа исцрпна дискусија за забелешките на колегите од РБ за македонските учебници по историја за седмо одделение. Дискусијата во најголем дел се водеше за пристапот и формата на препораките за учебниците. Остануваат големите разлики во пристапот и погледите како да се формулираат препораките за учебниците по историја“, соопшти македонското Министерство за надворешни работи по состаноците на Комисијата што се одржаа вчера и денеска.

Img 5587

Од македонска страна биле предложени неколку идеи како да се надминат точките во учебниците кои имаат потенцијал да ја политизираат историјата и со тоа да поттикнуваат нови или ги одржуваат во живот политичките спорови.

„Македонската страна ќе продолжи да инсистира на почитување на принципите и препораките на УНЕСКО, Советот на Европа и други релевантни меѓународни и академски институции како најсоодветен начин за надминување на историските спорови и деполитизирање на историјата и историското образование и исполнување на Договорот за пријателство и добрососедство потпишан помеѓу Република Македонија и Република Бугарија во 2017 година“, се наведува во соопштението.

Од МНР додаваат дека поради долгата и исцрпна дискусија за учебниците, темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не била воопшто дискутирана.

Следната редовна средба на Комисијата ќе се одржи на 10 и 11 јуни.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, грантови за млади и зголемени плати во здравството

Владата потврди: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Битиќи: Сценариото во кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги билдаат рејтинзите не нуди ништо на граѓаните