Утрински Весник
Спорт

Мечот Џошуа-Пулев потврден за 12 декември во Лондон

Мечот Џошуа-Пулев потврден за 12 декември во Лондон

Одбраната на титулите во тешка категорија на Ентони Џошуа против бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев е потврдена на 12 декември во Лондон, а промотерот на Џошуа, Еди Херн најави дека е можно дури и да има ограничен број на гледачи.

За Џошуа, дуелот во „О2 арената“ во Лондон, ќе биде прв меч по победата над Енди Руиз Јуниор во декември 2019, и се очекува да е последната пречка пред двете пресметки со Тајсон Фјури во 2021 година за обединување на титулите во тешка категорија, нормално ако „Кобрата“ Пулев не направи изненадување.

Пулев (28-1) е задолжителен противник на Џошуа од ИБФ федерацијата и требаше да боксува со Британецот уште во 2017 година во Кардиф, но се повлече поради повреда.

„За мала земја како Бугарија да се добие шанса да се освои титулата во тешка категорија е големо остварување. Овој мече за мојот покоен татко и сите Бугари низ целиот свет. Доаѓам во Лондон по титулата“, изјави Пулев.

> Мечот Џошуа-Пулев потврден за 12 декември во Лондон <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бразил со гол во 95тата минута ја елиминираше Јапонија

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот