Утрински Весник
Македонија

Мерките за хронично болните лица и родители со деца до 10 години, остануваат во сила и по престанување на вонредната состојба

Во земјата не се увезува и не се согорува опасен отпад

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – По престанувањето на вонредната состојба, остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, одлучи вечерва Владата на Република Северна Македонија.

Исто така, во сила остануваат мерките за самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома, како и сите мерки и протоколи опфатени во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19, се вели во одлуката на Владата. оџ/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес бара итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи

Евростат: За три години населението во Македонија се намалило за над 14.000 лица