Утрински Весник
Македонија

МЕПСО: Испад на далекувод и пожар во близина на трансформатор се причина за прекинот на струја во Скопје

МЕПСО: Испад на далекувод и пожар во близина на трансформатор се причина за прекинот на струја во Скопје

Испадот на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожарот во близина на трансформаторската станица, беа причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле.

Од МЕПСО наведоа дека овие два фактори го условиле испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија.

„Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување. Во оваа прилика АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти“, соопштија од МЕПСО.

Можете да прочитате

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски