Утрински Весник
Магазин

Мемоарите на Мараја Кери, живописен портрет на поп-ѕвездата

Мемоарите на Мараја Кери, живописен портрет на поп-ѕвездата

Мараја Кери има безброј хитови број еден, полица полна со „Греми“ награди и е внесена во Домот на славните текстописци.

Но, многу малку се знаеше за нејзиниот приватен живот – до сега.

Во својата книга мемоари, The Meaning of Mariah Carey , поп-ѕездата зборува за растењето во сиромаштија во насилно домаќинство, за своите искуства со расизам, за својата музика, браковите и многу повеќе.

Напишана во соработка со писателката Михаела Ангела Дејвис, книгата ја повлекува завесата на впечатлива приказна за сиромаштија и богатство, и го деконструира имиџот на sвезда како само-заблудена дива.

Кери во книгата открива дека била жртва на семејно насилство кога била многу мала. Потоа, како дете на црн татко и бела мајка, таа во училиште се соочувала со расизам.

Таа исто така открива дека нејзиниот прв сопруг – директорот на “Сони мјузик“ Томи Мотола со кого се омажи во 1993 година – толку многу ја контролирал, што не можела да оди ниту во „Бургер Кинг“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Унгарија по седум години би можела повторно да настапи на Евровизија

Излезе лажен ChatGPT кој краде сè!

„Јутјуб“ воведува автоматски ознаки за видеа генерирани со вештачка интелигенција