Најтрофејниот македонски клуб Вардар, од наредната сезона ќе игра во Втората лига. Варда, вчера, доживеа минимален пораз во Струга (1:0), со што остана и без теоретски шанси да избори опстанок. Фијаското на црвено-црните силно одекна во регионот.
„Црни облаци над Скопје“, е насловот на текстот на босанскиот поратал „спорт.ба“.
„Вардар со години се бори со финансиските проблеми, минатата сезона не доби лиценца за настап во европските купови, иако ја освои шампионската титула“, пишува во дел од текстот на овој портал.
„Вардар го допре дното, лани беа шампиони годинава испаднаа од лигата“, стои во насловот на српскиот поратл „спортске. нет“.
„Крах на југословенскиот гигант. Прочуениот тим испадна во втора лига, а неодамна играше во фазата по групи во Лига Евроа“, пишува „Блиц“.
„Беа шампиони на Југославија, со Динамо играа во Европа. Сега одат во втора лига“, е насловот во хрватскиот поратл „24 сата“.
Фото/fkvardar.mk
> Медиумите од регионот за фијаското на Вардар: Крах на југословенскиот великан <