Утрински Весник
Спорт

Медведев обвинет дека не е патриот: Тој е француски тенисер со руско потекло

Ss2

Пратеникот во руската Дума, Роман Терјушков го нарече светскиот рекет број 1, Данил Медведев како „француски тенисер со руско потекло“, критикувајќи го патриотизмот на 26-годишниот тенисер кој ја освои првата титула во 2022 со титулата на Лос Кабос опен во текот на викендот.

dobivaj vesti na viber

Терјушков, кој е член на Комитетот за физичка култура и спорт во рускиот парламент беше меѓу тие кои му честитаа на Медведев, но со мала забелешка.

Img 5587

„Му честитам на Данил Медведев на заслужента побед. Јас, исто како многу Руси не го гледав неговото финале. Откако тенисерот го тргна руското знаме по барање на Западот, за мене и за остатокот од земјата, падна многу интересот за неговите игри. Не сфаќам што претставува руски тенисер за господинот Медведев, бидејќи ако живее во Франција, земја официјано дефинирана како непријателска од Москва, тогаш попристојно е да се напише дека е француски тенисер со руско потекло“, вели политичарот.

Медведев зборува француски и е жител на Монако, но во текот на целата кариера настапуваше за Русија, со која освои и титула од Дејвис купот.

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам