Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Во Куманово вчера во 14.45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(21) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од МВР денеска соопштија дека на 20.05.2020 во 21.30 часот во Тетово, за време на забрана за движење, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Е.(56) од с.Теарце, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.05.2020 околу 15.00 часот на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес.

На 21.05.2020 во 09.00 часот на регионалниот пат Неготино – Демир Капија, во близина на место викано „Острово“, С.Д.(69) од Скопје, управувајќи мотоцикл „томопар 150Т“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Увид извршила екипа од СВР Велес.

На 21.05.2020 во 18.00 часот на локален пат с.Сарај – с.Арнакија,скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.А.(31) и Љ.Ф.(29), двајцата од Тетово, при што кај М.А. бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.05.2020 во 15.00 часот на клучка „Бутел“, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Г.Д.(26) од Скопје бидејќи кај него бил пронајден нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.05.2020 во 19.00 часот во СВР Скопје, М.С.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ била касната од куче скитник.

На 21.05.2020 во 11.00 часот во Полициска станица Чаир, З.А.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Боца Иванова“ неговиот пет годишен син бил каснат од куче скитник.

Во текот на 21.05.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкциониранo е едно возило бидејќи било нерегистрирано и 20 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одѕивот на Претседателските избори во Амбасадата во Брисел до 17 часот 39 отсто  

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени