Утрински Весник
Магазин

Мајкл Б. Џордан приреди раскошна прослава на „Денот на вљубените“ за Лори Харви

Мајкл Б. Џордан приреди раскошна прослава на „Денот на вљубените“ за Лори Харви

Најсекси мажот на светот не штеди кога станува збор за прослава на Денот на вљубените со неговата девојка Лори Харви.

34-годишниот актер ја изненади Харви изнајмувајќи цел аквариум за да може парот да гледа морски желки. Кога влегле внатре, морската сцена била украсена со ливчиња од роза и свеќи.

Еден ден потоа, Лори Харви се огласи на социјалните мрежи за да го сподели ова романтично доживување  што ѝ го приреди Мајкл, актерот кого магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж на светот за 2020 година.

24-годишната манекенка објави видео на Инстаграм-стори на кое се гледа како таа и Мајкл (34) уживаат во романтична вечера во аквариум.

„Мојот бејб изнајми еден аквариум за да можеме да направиме приватна екседиција и да ги видиме желките и потоа дојдовме тука“, напиша Лори во објавата за своите приближно 3.3 милиони следачи.

Ќерката на ТВ-водителот Стив Харви (64) објави клипови од внатрешнината на аквариумот каде има црвени, бели и розови ливчиња расфрлани на подот, запалени свеќи кои водат до трпезариска маса на самиот крај на подводниот тунел.

Браво за креативноста на Мајкл, се гледа дека се потрудил Лори никогаш да не го заборави овој Валентајн.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Викенд хороскоп: На Биковите им треба мир, Вагите ги очекува важен разговор

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска