Утрински Весник
Спорт

Маурицио Сари: Знам зошто Италија беше елиминирана од Македонија…

Маурицио Сари: Знам зошто Италија беше елиминирана од Македонија…

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, на прес – конференција призна дека Италија е најмалку 30 години зад останатите „големи“ фудбалски земји и тврди дека не е случајна елиминацијата од Македонија (0:1) во баражот за Светското првенство.

„Имам идеја зошто Италија отпадна, иако слушнав и некои глупави теории. Италија имаше дури 35 шута против Македонија и прими гол од само два удари. Ние сме 30 години зад сите други, но никој не зборува за инфраструктурата и за реалните проблеми. Кога се жалам на состојбата на теренот, ми велат дека постојано да се жалам. Ако гледате натпревар од Бундеслигата и потоа се префрлите на Серија А, се прашувате „што е ова? Затоа Италија отпадна“, изјави Маурицио Сари.

Италијанците се актуелни европски прваци, но вторпат последовно нема да учествуваат на мундијалот во Катар.

> Маурицио Сари: Знам зошто Италија беше елиминирана од Македонија… <

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград