Утрински Весник
Свет

Германија: Поранешен офицер шпионирал за Русија

Германија: Поранешен офицер шпионирал за Русија

Германија поднела обвинение против поранешниот резервен офицер Ралф Г. за шпионажа за Русија, соопшти денеска Федералното јавно обвинителство.

Осомничениот Ралф Г. на руските агенти им дал бројни документи и информации за германската армија во периодот од 2014 до март 2020 година, истакна обвинителката Инес Петерсон во изјавата, пренесува Ројтерс.

Исто така, се наведува дека осомничениот, како член на бројни економски комитети, на руските агенти им доставил информации за влијанието на санкциите на ЕУ против Русија врз германските компании, како и информации за Северен тек 2, кој Германија го суспендираше, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа