Утрински Весник
Економија

МАТТО му порача на Мицковски: Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнис заедницата

МАТТО му порача на Мицковски: Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнис заедницата

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Јавниот дијалог да добие нов модел – не ние да бидеме водени од политиката, туку политиката да биде водена од економијата, приватниот сектор и граѓаните, рече претседателот на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), Ајдован Адемоски на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Ајдован напомена дека благосостојбата на земјата е заедничка, но биснис заедницата и политиката досега главно немаа заеднички патишта.

-Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнис заедницата кој е реален и објективен. Ние, претприемачите, даночните обврзници, треба со нашето работење да го изнесеме економскиот раст, но и развој. Верувам дека и партиите соодветно ќе се трансформираат како и ние и дека ќе работиме синхронизирано, истакна Адемовски.

Мицковски дојде во МАТТО придружуван од партиски претставници за да ја претстави предизборната економска програма, но и за да ги слушне предлозите на компаниите.

-Нашата заложба е односите на идната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со сите стопански комори, вклучувајќи ја и МАТТО, да се интензивираат. Зошто да не зборуваме за двоцифрени бројки на вложувачи од Турција и за два до три пати повеќе вработени во МАТТО, изјави Мицковски.

Рече и дека од она што ќе го слупнат на средбата, очекува да биде имплементирано во партиската економска програма.

Компаниите – членки на МАТТО имаат инвестирано повеќе од две милијарди евра во земјава, а вработуваат преку 10.000 лица.

МАТТО досега имаше средби со економскиот тим на СДСМ, предводен од лидерот на партијата Зоран Заев, со труските партии, како и со Алтернатива. мч/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска за МТВ: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот