Утрински Весник
Македонија

Здравствената состојба на повредените во експлозијата во Романовце непроменета

Здравствената состојба на повредените во експлозијата во Романовце непроменета

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Здравствената состојба на тројцата повредени во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце е крајно тешка, a oсобено на двете жени кои се наоѓаат во Единицата за интензивно лекување и нема никаква промена во однос на нејзино подобрување, изјави денеска директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар – ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани.

– За жал, не можам да Ви кажам никаква добра вест во моментов. Состојбата на мажот кој се наоѓа во Единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохируршки болести е исто така непроменета. Тој е во тешка, но стабилна состојба. Сите тројца се на апарати за дишење. Во моментот се во кома, значи дека организмот реагира и се влошува, додаде д-р Хасани.

Од Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ информираа дека и натаму во животозагрозувачка состојба е 31-годишната жена повредена во експлозијата на боца во Романовце, која има 80 проценти изгореници по телото.

– Состојбата е непроменета и е иста како и вчера. Во релативно стабилна состојба се десетгодишното дете и 28-годишната бремена жена. Се преземаат сите мерки за подобрување на здравствената состојба на повредените, посочуваат од Клиниката.

Експлозијата на боца во Романовце се случи завчера. Животот го загубија четири лица. рп/скс/

Изјава на директорот на ТОАРИЛУЦ, Хасани

Posted by MИА.mk on Вторник, 25 февруари 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СИРИЗА ја осудува провокативната најава од Мицкоски за прекршување на Договорот од Преспа

Генералот Ѓурчиновски во Брисел учествуваше на заседанието на Воениот комитет на НАТО