Утрински Весник
Спорт

Масовна тепачка на ракометен натпревар во Србија

Масовна тепачка на ракометен натпревар во Србија

Масовна тепачка се случи на натпреварот Врбас-Колубара, одигран во ракометната Супер Б лигата на Србија.

Инцидентот се случи во 53.минута, при водство на Колубата 23:24, кога еден играч на Врбас со тупаница удри еден од противничките ракометари.

Потоа започна тепачката во која учествуваа ракометарите и тренерите.

Хаосот траеше неколку минути. Откако страстите се смирија натпреварот продолжи и заврши со победа на Врбас 27:26.

> Масовна тепачка на ракометен натпревар во Србија <

Можете да прочитате

Арсими последен четвртфиналист во Куп натпреварувањето

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА