Утрински Весник
Спорт

„Марсијал треба да разговара со мене, не со медиумите“

„Марсијал треба да разговара со мене, не со медиумите“

Ентони Марсијал е еден од фудбалерите за кои се шпекулира дека ќе го напуштат Манчестер јунајтед, во зимскиот преоден рок. Францускиот интернационалец не е задоволен од минутите кои ги добива оваа сезона, најпрвин од Оле Гунар Солскјер, а птооа и од Ралф Рангник.

Новиот менаџер на Јунајтед, Рангник, од полудел кога од новинарите дознал дека Марсијал има намера да го напушти клубот.

„Со фудбалерите и нивните менаџери не комуницирам преку медиумите. Не ме интересира што им кажуваат менаџерите на новинарите. Немам намера да го прашувам Марсијал што мисли. Тој треба да дојде и да разговара со мене или да разговара со некој од клупските челници околу евентуалниот трансфер. Значи нека дојде и се нека ми каже во лице. Не можам да комуницирам преку медиумите со фудбалерот и неговиот менаџер“, рекол 63-годишниот Рангник.

Марсијал од почетокот на сезоната има одиграно само девет натпревари.

> „Марсијал треба да разговара со мене, не со медиумите“ <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД