Утрински Весник
Економија

Маркоска: Намалено ДДВ за занаетчиски и ресторантски услуги со новиот пакет мерки

Даниела Маркоска

 

Намалување на ДДВ-то за занаетчиски и ресторантски услуги содржи новиот пакет антикризни мерки, истакна пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска, на прес-конференција.

Како што посочи, со мерката наменета за занаетчиите се предвидува намалување на ДДВ на нивните услуги и производи од 18 на 5 проценти со што ќе се зајакне нивната конкурентност на пазарот.

На самостојните вршители на дејности, односно на занаетчиите, и натаму им остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка.

Таа истакна дека со новиот пакет антикризни мерки, предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна, од 18%.

Оваа мерка ќе започне од 1 јануари 2021 година, а целта е преку неа да се постигне намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан од 2027 година

За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите

Повторно раст на цените на нафтата