Утрински Весник
Македонија

Маричиќ-Ландсбергис: Европските вредности се ставени на тест, очекуваме брз старт на преговорите

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис.

На средбата, според информацијата од кабинетот на Маричиќ се разговарало за европската перспектива на земјава и регионот во овој период, како и за разговорите со Бугарија со цел отстранување на ветото за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Членството во ЕУ е стратешка определба на Северна Македонија и ние како Влада сме посветени на реализација на европските стандарди и правила“, посочил Маричиќ, додавајќи дека доколку не се успее во скоро време да се дојде до договор со Бугарија за отстранување на ветото за очекување е да се зголеми евроскептицизмот помеѓу граѓаните.

Вицепремиерот Маричиќ министерот Ландсбергис се согласиле дека големи се очекувањата од Комисијата и француското претседателство и дека во следниот период ќе ги преземат неопходните чекори во насока на унапредување и отворање на процесот.

Во разговор со министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, Маричиќ го потврдил партнерскиот однос и се осврнал на заедничките проекти кои ги спроведува Секретаријатот за европски прашања заедно со Литванија и се договориле за продлабочување на соработката преку давање на експертска и финансиска поддршка за унапредување на нашата реформска агенда, со цел побрзо приближување на земјата до европската легислатива и стандарди.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”