Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Државата вложува напори во борбата против нелегалните финансиски текови

Маричиќ: Државата вложува напори во борбата против нелегалните финансиски текови

Министерот за правда Бојан Маричиќ преку видео-врска се обрати на 30. сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал и ги претстави реформите кои Министерството за правда ги презема во областа на кривичната правда.

„Северна Македонија вложува напори да ја зголеми ефикасноста во борбата против нелегалните финансиски текови и да ги зајакне можностите за конфискација на нелегално стекнатиот имот. Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата“, истакна Маричиќ.

Министерот ја потенцираше значајноста за отпочнување на преговорите со ЕУ, затоа што овој процес може само позитивно да влијае и значително да ги забрза реформите во Северна Македонија.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш