Утрински Весник
Спорт

Маратонецот Амдуни за кретенскиот потег: Шишињата беа лизгави!

Маратонецот Амдуни за кретенскиот потег: Шишињата беа лизгави!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот маратонец Морхад Амдуни беше еден од спортистите што го одбележаа последниот олимписки ден во Токио, но не поради некое достигнување, туку поради тоа што во тешката трка, кога дојде до масата со шишиња вода, ги турна сите пред да си земе едно.

Амдуни, кој на крајот завршожи 17., вели дека нема ништо контроверзно во снимката што стана вирална на интернет и дека се работело за случајна грешка.

„Со целиот замор почнуваш да ги губиш луцидноста и енергијата. Би сакал да се извинам на сите тркачи. Во еден момент се обидов да земам шише вода, но тоа ми се лизна. Секогаш сакам да споделувам вода во текот на трката и ги почитувам сите. За да се гарантира водата да биде свежа, тие се потопени во вода и затоа се лизгави“, напиша Амдуни на социјалните мрежи.

Не е многу за верување, нели?

Некој е олимписки херој, некој е олимписки „кретен“

> Маратонецот Амдуни за кретенскиот потег: Шишињата беа лизгави! <

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер