Утрински Весник
Спорт

Манчестер Јунајтед ги отвориле преговорите со Покетино

Манчестер Јунајтед ги отвориле преговорите со Покетино
Img 5587

Оле Гунар Солскјер ги брои последните денови како менаџер на Манчестер Јунајтед, тврдат англиските медиуми. Според овие извори, по синоќешниот пораз во Истанбул од Башакшехир (2:1), во Лигата на шампионите, клубот ги започнал преговорите со Маурисио Покетино.

Аргетискиот тренер цела година е без работа, откако лани доби отказ во Тотенхем. Наводно, само поради Манчестер Јунајтед, тој кон крајот на 2019 година ја одбил понудата од Барселона.

Ss1

Јунајтед играат променливо од почетокот на сезоната, во Премиер лигата се на 15 место, а се уште се без победа на домашен терен (три порази и реми), додека во Лигата на шампионите имаат две победи и еден пораз.

Покетино има големо искуство во Премиер лигата, една сезона го предводеше Саутемптон, а пет сезони беше менаџер на Тотенхем.

> Манчестер Јунајтед ги отвориле преговорите со Покетино <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ