Утрински Весник
Македонија

Малолетник со тешки повреди пренесен во болница по пад од велосипед

Малолетно лице се здобило со тешки телесни повреди по пад од велосипед во Дебар.

„На 13 јуни во 12:07 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во Јавна здравствена установа Дебар било донесено повредено малолетно лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот при што констатирале дека на ул. Дилавер Села во Дебар, малолетник од Дебар, движејќи се со велосипед, излетал надвор од улицата и паднал“, велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0

Ми беше другар… си замина тивко, без поздрав – Калиопи се збогува од Владо Јаневски

Ноќен земјотрес ја стресе Македонија