Утрински Весник
Свет

Макрон се огради од Бајден: Не би ги користел тие зборови

Макрон се огради од Бајден: Не би ги користел тие зборови

Францускиот претседател Емануел Макрон се огради од коментарите на американскиот претседател Џо Бајден за рускиот претседател Владимир Путин и предупреди на „вербална ескалација на војната во Украина“.

За време на синоќешната посета на Варшава, Бајден изјави дека Путин е крвник и дека „не може да остане на власт“, ​​пишува „Гардијан“.

„ Не би ги користел тие зборови. Мора да се направи се за да се запре ескалацијата на ситуацијата“, изјави францускиот претседател за Франс 3.

Тој исто така рече дека својата задача ја гледа прво кон постигнување прекин на огнот, а потоа целосно повлекување на руските трупи преку дипломатија.

„ Ако сакаме да го направиме тоа, не можеме да ја ескалираме ситуацијата со зборови или дела“, рече Макрон.

Можете да прочитате

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини