Утрински Весник
Свет

Макрон: Нема да ја условуваме продажбата на оружје на Египет

Макрон: Нема да ја условуваме продажбата на оружје на Египет

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека имал искрен разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси.

Тој рече дека нема да ја условува продажбата на оружје на африканска земја, објави „Ројтерс“.

Макрон зборуваше на прес-конференција со Ал-Сиси, откако двајцата лидери се сретнаа во Елисејската палата.

Египетскиот претседател е во дводневна посета на Франција и покрај надежите дека односите меѓу двете земји ќе бидат поблиски, впечаток е дека подобрувањето е во втор план поради човековите права во Египет, додава „Ројтерс“.

Макрон рече дека иако е постигнат напредок во стабилизирањето на Либија, има постојани закани од надворешни фактори.

Францускиот претседател додаде дека нема да ја условува продажбата на оружје на Египет поради човековите права, бидејќи не сака да ја ослабне позицијата на Каиро во борбата против тероризмот во регионот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември