Утрински Весник
Економија

„Макпетрол“: Има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати

„Макпетрол“: Има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати

Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која што има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што подразбира и работа со загуба, информираат од „Макпетрол“.

Од таму воедно потсетуваат и дека набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските реулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината.

„Имајќи ја во предвид долгогодишната традиција и професионални капацитети, компанијата и во овие особено тешки и комплексни услови ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат“, се наведува во соопштението на компанија.

Можете да прочитате

Најмладиот милионер во Македонија има само четири години, најстариот 97

Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, а највозрасниот 97-годишен пензионер 

Иднината на рударството ќе се решава во оваа деценија – бакарот во фокусот на три сценарија до 2050 година