Утрински Весник
Спорт

Македонските кошаркари со порака од Русија: Една загубена битка не значи и загубена војна

Македонските кошаркари со порака од Русија: Една загубена битка не значи и загубена војна

Перм, 22 февруари 2020 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација по долгиот пат кон Перм, денеска го одржа единствениот тренинг пред утрешниот дуел со Русија.

„Црвено-жолтите“ по неочекуваниот пораз во четвртокот на домашен терен од Естонија, не се откажуваат од амбицијата да изборат пласман на Европското првенство 2021.

– Патувавме 17 часа, преку Софија и Москва и пристигнавме во два часот после полноќ. Според распоредот, имаме тренинг во времето на одигрување на натпреварот на кој ќе се обидеме да испробаме некои тактички замисли. Атмосферата е добра бидејќи и играчите, како и јас, веруваат во овој процес. Сите добро знаеме дека една загубена битка не значи и загубена војна, порачува селекторот Александар Тодоров.

Средбата е закажана за утре од 16 часот во арена „Молот“ која за кошаркарски натпревари има капацитет од 7.000 места и според пишувањата во руските медиуми, се очекува комплетно да биде исполнета. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина