Утрински Весник
Спорт

Македонија „покажа заби“ и во Црна Гора – минимален пораз 31:30

Македонија „покажа заби“ и во Црна Гора – минимален пораз 31:30

Ракометните репрезентативки на Македонија одиграа одличен меч во Никшиќ против Црна Гора во рамки на ЕХФ Евро купот, но повторно загубија, и тоа со резултат 31:30. Пред два дена избраничките на селекторот Савевски во Скопје доживеаја многу поубедлив пораз – 21:29.

Македонските девојки оставија добар впечаток пред се со борбеноста и пристапот на играта, а селекторот им даде шанса на најмладите во составот.

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ со 9 гола беше нерешлива енигма за македонските репрезентативки, додека Ангела Јанкуловска со 8 погодоци беше најефикасна во нашиот табор.

Во вториот натпревар од ЕХФ купот, Норвешка пак беше поуспешна од Словенија, овојпат со 26-21.

Следните предизвици за Македонија во ЕХФ Евро купот се во март другата година против Словенија, а во април и последните два меча против фаворитот, Норвешка.
Фото: РФМ

> Македонија „покажа заби“ и во Црна Гора – минимален пораз 31:30 <

Можете да прочитате

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец