Утрински Весник
Македонија

Маж загина во сообраќајна несреќа – му се слошило и излетал со возилото

Маж загина во сообраќајна несреќа – му се слошило и излетал со возилото

Педесет и двегодишен маж со иницијали Ш.Ј., од тетовски Копачиндол, загина во сообраќајна несреќа.

Од полицијата соопштија дека несреќата се случила вчера попладне на автопатот Тетово-Скопје . На мажот му се слошило и со автомобилот излетал од коловозот.

По незгодата тој бил пренесен во тетовската Клиничка болница каде лекарите констатирале смрт.

Во автомобилот се превезувало уште едно лице од истото село кое завршило во болница со телесни повреди.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Д-р Ѓорѓиевски: Да бидеме хумани и да го поддржиме органдонорството

Утре попладне нестабилно со пороен дожд

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација