Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Ми го подметнаа коронавирусот

Лукашенко вели дека го прележал коронавирусот без симптоми

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека не е случајно неговото заразување со Ковид-19, пренесува Спутник. Според него, болеста му била подметната.

„Ми го подметнаа коронавирусот. Сега тоа го истражуваме“, рече Лукашенко.

Овие зборови на Лукашенко ги цитираше на нејзиниот профил на Фејсбук главната уредничка на порталот „Гордон“, Алесија Батсман, која присуствуваше на интервјуто што Лукашенко го даде на украинскиот новинар Дмитриј Гордон.

„Тие можат и да ме убијат, но јас никаде нема да бегам“, додаде Лукашенко.

Претседателот на Белорусија изјави дека болеста ја прележал на нозе и во поблага форма.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп