Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Литванците оставија тела на мигранти на граница

Лукашенко: Литванците оставија тела на мигранти на граница
Img 5587

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги обвини литванските власти дека фрлаат тела на мигранти на границата меѓу двете земји, информација која според медиумите во светот, Литванија ја демантира.

Според написите, Лукашенко, исто така, предупредил дека неговата земја цврсто стои со својот сојузник Русија доколку украинските власти започнат офанзива против проруските сили во источна Украина, пренесуваат агенциите.

Ss1

Тој ги опишал тензиите околу мигрантите како заговор на Западот против Русија и Белорусија.

Лукашенко, пишуваат медиумите, по состанокот со водечките воени претставници на белоруската гранична служба изјавил дека во текот на викендот биле пронајдени телата на двајца мигранти.

„Тие (Литванците) ги ставија телата на починатите или можеби уште беа живи, во вреќа за спиење и ги фрлија на граница. Колку одвратно“, изјавил Лукашенко.

Литванската гранична служба ги отфрли тврдењата на Минск, наведувајќи дека белоруските власти упорно се обидуваат да организираат и исценираат тепачки, па дури и смрт на мигранти, а во исто време ја обвинуваат Литванија за таквиот „нехуман третман“, пренесуваат светските агенции.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема