Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Западот е нервозен затоа што не нè одвои од Русија

Лукашенко: Западот е нервозен затоа што не нè одвои од Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Западот не успеал да го оттргне Минск од Русија и дека сега поради тоа „крцка со забите“.

„Постоеше желба на Западот овде да ја пресече и повлече црвената линија за Русија. Не успеаја. Тие сега одат наоколу и крцкаат со забите“, рече Лукашенко во Минск на средбата со гувернерот на Пензенската област во Русија, Олег Мелниченко, пренесува „Танјуг“.

Лукашенко оцени дека Западот затоа воведува санкции кон Русија и Белорусија, за Русија да не може да ги заобиколи, пренесува РИА Новости.

Можете да прочитате

Две жртви во израелски напад врз Појасот Газа

Јамајка ќе поднесе барање до кралот Чарлс за репарации поради ропството

Кушнер: Трамп е решен да ја заврши војната во Украина и да се фокусира на инвестиции