Утрински Весник
Магазин

Луис Хамилтон ќе го додаде презимето на мајката

Луис Хамилтон ќе го додаде презимето на мајката

Сер Луис Хамилтон го менува своето име.

37-годишниот возач на Формула 1 откри дека во презимето ќе го вклучи презимето на својата мајка, Ларбалестиер, во нејзина чест.

Луис,чиј татко Ентони и мајка Кармен се разделија кога тој имал две години, изјави: „Навистина сум горд на името на моето семејство. Презмето на мајка ми е Ларбалестиер и ќе го ставам тоа во мое име.“

„Не ја разбирам целосно идејата дека кога луѓето стапуваат во брак, жената го губи своето име и навистина сакам името на мајка ми да продолжи со името на Хамилтон“.

Хамилтон, кој освои седум светски шампионати во текот на блескавата кариера во спортот, ќе ја започне новата сезона со тимот на Мерцедес во Бахреин овој викенд.

Можете да прочитате

Навика која родителите ја прават од љубов, а всушност му одмага на детето

Четботовите сериозен ризик за приватноста на корисниците

Кинеската компанија Џуебан го претстави својот револуционерен производ, паметниот тоалет Сјаобан