Утрински Весник
Спорт

Лотито ќе ја тужи „Ла Газета дело Спорт“ за клевета

Лотито: Фудбалот им помага на другите спортови
300x250 (7)

Рим, 25 мај 2020 (МИА) – Италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“ објави статија дека е покрената истрага против Лотито заради неговите зборови за натпреварот помеѓу Интер и Јувентус во интервју за „Ла Република“.

Лотито за таа средба изјави: „Ние сме еден бод заостанување од Јувентус и тоа е поради нивниот натпревар против Интер. Сите видоа што се случуваше таму“.

Img 5587

Како што се наведува во материјалот на италијанскиот медиум, овие зборови се сметале за навестување за договорната природа на натпреварот.

– Лотито ја забележа статијата објавена во денешниот број на„ Ла Газета дело Спорт “. Таа беше објавена од Себастијано Вернаца, а нејзината цел е да го клевета и дискредитира Лотито. Слободата на печатот не дава право да се уништи нечиј друг имиџ. Доколку ова право се злоупотреби, овој медиум треба да биде казнет. Затоа, Лотито им наложи на своите адвокати да одговорат на оваа ситуација, да се жалат пред граѓанските и кривичните судови за да ја добијат заштитата загарантирана со уставот, соопштија од римскиот клуб. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами