Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Лејкерис победа ги дели од шампионската титула

Лејкерис победа ги дели од шампионската титула
Img 7972

Кошркарите на Лос Анџелес по голема драма, благодарение на Ентони Дејвис и Кентавијус Колдвел-Поуп, славеа над Мајами Хит со 102:96. Лејкерси водат во серијата со 3.1 и уште една победа ги дели од шампионската титула.

Во последните две минути Колдвел-Поуп постигна најпрвин тројка, а потоа беше сигурен на положување, а тројка уфрли и Дејвис со која Лејекрси стекнаа 100:91.

Леброн Џејмс забележа 28 поени, 12 скока и 8 асистенции, Дејвис имаше 22 поени и 9 скока, а Колдвел-Поуп постигна 15 поени (8 од нив во првиот период).

На спротивната страна се истакна Џими Батлер со 22 поени, 10 скока и 9 асистенции, Тајлер Хиро забележа 21, Данкан Робинсон 17, а Бем Адебајо 15 поени.

Наредниот меч на програмата е во сабота во 3.00 часот.



> Лејкерис победа ги дели од шампионската титула <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац