Утрински Весник
Свет

Берлин и Франкфурт воведуваат полициски час поради коронавирусот

Расте бројот на заразени со коронавирус во Германија

Градските власти на Берлин и Франкфурт одлучија да воведат полициски час и мерки за ограничување на социјалниот контакт поради загрижувачкото зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус.

Во Берлин повеќето продавници, како и ресторани и барови, ќе мора да бидат затворени од 23 до 6 часот наутро, а таа мерка ќе стапи на сила во сабота и ќе трае најмалку до 31 октомври.

Исклучок ќе бидат аптеките и бензинските пумпи, на кои сепак нема да им биде дозволено да продаваат алкохол навечер.

„По три чаши вино, физичката оддалеченост е помалку почитувана“, изјави локален берлински службеник.

Во главниот град на Германија, од 23 до 6 часот наутро, можни се само собири до пет лица на отворено, а до 50 лица во текот на денот.Овие ограничувања се построги во затворен простор каде што може да има до десет лица во текот на денот, наместо 25 како што беше досега.Мерката особено се однесува на вечерни собири во домови или прослави во затворени простории.

Градските власти во Франкфурт исто така најавија дека ќе воведат полициски час, од 22 до 6 часот наутро, почнувајќи од петок. Конзумирање алкохол на јавни места ќе биде забрането.Ќе биде задолжително да се носи маска на пазарите и на големите фреквентни улици.

Германија не воведе општ карантин за населението како нејзини соседни земји, а последните денови има зголемување на бројот на пациенти, што е помеѓу 2.000 и 2.500 на дневна основа.Од почетокот на епидемијата на коронавирус во земјата починале 9.546 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина

Трамп поделил големи бонуси за свои помошници, три соработнички добиле по 45.000 долари

Данска од 1 јануари 2027 година ќе вработува граѓани од 16 земји што не се членки на ЕУ