Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага почнала да губи допир со реалноста на снимањето на „Куќата Гучи“

Лејди Гага почнала да губи допир со реалноста на снимањето на „Куќата Гучи“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лејди Гага откри дека имала психички потешкотии при крајот на снимањето на House of Gucci („Куќата Гучи“), филм инспириран од неверојатна вистинита приказна за семејната империја зад познатата модна куќа.

35-годишната поп ѕвезда и актерка ја глуми Патриција Реџани во новиот филм во режија на сер Ридли Скот, и признава дека глумењето во филмот имало драматично влијание врз нејзиниот реален живот.

Во интервју за британски „Вог“ таа рече: „Имав психички потешкотии во еден момент при крајот на снимањето.“

„Бев или во мојата хотелска соба, живеев и зборував како Реџани, или бев на снимање, живеев и зборував како неа. Се сеќавам дека додека бев во Италија на снимање, еден ден излегов за да се прошетам. Не бев излезена надвор околу два месеци и ме фати паника. Мислев дека сум на филмски сет“.

Дејствието на филмот се одвива во 1995 година, по случувањето кое ја потресе Италија – убиството на Маурицио Гучи, нарачано од неговата поранешна сопруга Патриција Реџани. Во 1998 година, Патриција беше осудена на затвор откако обвинтелството докажа дека изнајмила платен убиец да го убие нејзиниот поранешен сопруг.

Гага со години се подготвуваше за улогата, и на крајот тоа се одрази на нејзиниот личен живот.

„Поминаа три години откако почнав да работам на улогата и ќе бидам целосно искрена и транспарентна: живеев како неа година и пол. И зборував со акцент девет месеци потоа.“

Гага, која е една од најпознатите италијанско-американски ѕвезди во нејзината нација, е исто така чувствителна на тоа како филмот ќе биде оценет во Италија.

Таа за декемвриското издание на британски „Вог“ изјави: „Тоа беше животно искуство што го направив овој филм затоа што секоја минута од денот мислев на моите предци во Италија и што тие мораа да направат за да имам подобар живот.“

Можете да прочитате

Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам

Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели