Утрински Весник
Спорт

„Л’Екип“ со „деветка“ за Куртоа и брутални „тројки“ за Дијаз и Клоп

Францускиот спортски весник „Л’Екип“ ги додели своите оценки (вообичаено брутални) за фудбалерите во текот на финалето на Лигата на шампионите – Тибо Куртоа доби 9/10 за својот херојски настап на голот на Реал Мадрид, но неговиот соиграч Тони Крос доби само „тројка“, иста оценка како и Колумбиецот на Ливерпул, Луис Дијаз, но и неговиот менаџер, Јирген Клоп.

Само тројца играчи беа достојни да добијат рејтинг поголем од шестка од „Л’Екип“ – Куртоа, и Мохамед Салах од Ливерпул, како и Дани Карвахал, кој го „сопре“ Луис Дијаз, кој заслужи само тројка. Алисон Бекер на пример, доби само четворка, додека Трент Александер-Арнолд, кој според многумина беше виновен за голот на Реал Мадрид, доби дарежлива шестка.

Реал Мадрид имаше просек од 5.7, а Ливерпул 5.2, но Карло Анчелоти доби седумка, додека Јирген Клоп доби само тројка.

> „Л’Екип“ со „деветка“ за Куртоа и брутални „тројки“ за Дијаз и Клоп <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0