Утрински Весник
Спорт

Леброн и Вестбрук забележаа по трипл-дабл – Лејкерси ставија крај на серијата порази

Леброн и Вестбрук забележаа по трипл-дабл – Лејкерси ставија крај на серијата порази

Лос Анџелес Лејкерс, против најлошиот тим во Западната конференција, Хјустон, ставија крај на серијата од четири порази. „Езерџиите“, славеа во Хјустон 132:123. Двајца играчи забележаа трипл-дабл.

Леброн Џејмс на овој натпревар ја мина границата од 36.000 поени во кариерата. Пред него се само двајца играчи Карим Абдул-Џабар и Карл Мелоун.

Леброн натпреварот го заврши со 32 поени и по 11 скока и асистенции. Трипл-дабл, против поранешниот клуб, оставри Расел Вестбрук (24 поени, 12 скока, 10 асистенции). Ефикасен натпревар одиграа Малик Монк (25 поени) и Кармело Ентони (24 поени).

Лејкерси со 17 победи и 18 порази се наоѓаат на седмата позиција во Западната конференција.

Резултати: Орландо-Милвоки 110:127, Торонто-Филаделфија 109:114, Мајами-Вашингтон 119:112, Минесота-Њујорк 88:96, Њу Орлеанс-Кливленд 108:104, Сакраменто-Оклахома 117:111.



> Леброн и Вестбрук забележаа по трипл-дабл – Лејкерси ставија крај на серијата порази <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД