Утрински Весник
Спорт

Лајпциг за осум минути го скрши Бохум

Лајпциг за осум минути го скрши Бохум

Лајпциг убедливо го победи Бохум во седмото коло. „Биковите“, ја запишаа третата победа и полека фаќаат приклучок кон горниот дел од табелата, додека Бохум го запиша петтиот пораз и со четири бода се наоѓа на претпоследното место.

Лајпциг доминираше од самиот почеток на натпреварот, редеа шанси пред голот на Бохум, но отпорот на противникот успеаја да го скршат дури во 70.минута.

Андре Силва го постигана првиот гол, а потоа судбината на Бохум ја запечата Кристијан Нкунку, со головите во 73. и 78.минута.

> Лајпциг за осум минути го скрши Бохум <

Можете да прочитате

БиХ ја издржа канадската офанзива и освои вреден бод

Чешка водеше, па остана без бодови – Корејците режираа спектакл на Мундијалот

Мексико и Јужна Кореа со победи на почетокот на СП