Утрински Весник
Македонија

Лаја: Шпанија ќе поддржи отворање на преговорите со ЕУ во март, наскоро ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Лаја: Шпанија ќе поддржи отворање на преговорите со ЕУ во март, наскоро ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Мадрид, 19 февруари 2020 (МИА) – Шпанија ќе поддржи старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ на состанокот на Европскиот совет во март, истакна шефицата на шпанската дипломатија Аранча Гонзалес Лаја на прес-конференцијата во Мадрид со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Лаја нагласи дека Шпанија работи со Франција за обезбедување консензус за ова прашање, додавајќи оти за тоа станало збор и на вчерашната средба на шпанскиот државен секретар за ЕУ, Хуан Гонзалес Барба со неговата француска колешка Амели де Моншалан.

Димитров изјави дека со новата методологија предложена од Европската комисија, која предвидува награда за оние што си ја завршиле домашната задача и казна за оние кои назадувале, ќе биде многу тешко, па дури и засрамувачки, да и се каже повторно не на Северна Македонија.

Тој потсети дека земјава направи значителен напредок, го реши долгогодишниот спор со Грција за името, ги спроведе задачите што и беа поставени и е целосно подготвена за старт на преговарачкиот процес со ЕУ.

Во врска со ратификацијата на Протоколот за НАТО во шпанскиот Парламент, Лаја рече дека очекува тоа да се случи многу брзо и Северна Македонија да стане 30-та полноправна членка на Алијансата.

Шпанија е последна земја членка на НАТО која се уште не го ратификувала Протоколот за прием на Северна Македонија во Алијансата. са/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЛДП Валандово: ПР-спектакл на владата за цели 1.560 метри асфалт и задоцнета грижа за Исар Марвинци

Бесплатни уролошки прегледи по повод Месецот на машкото здравје

Поради метеж на терминалот Блаце, товарниот соовбраќај пренасочен од г.п Блаце кон бензиска „Дизел“