Утрински Весник
Македонија

Зависници од дроги кои се на одвикнување во Конопиште, чистеа отпад кон планината Кожуф

Зависници од дроги кои се на одвикнување во Конопиште, чистеа отпад кон планината Кожуф
Screenshot

Кавадарци, 19 февруари 2020 (МИА) – Зависници од дроги кои се на одвикнување во центарот Нарконон во Конопиште, чистеа отпад кон планината Кожуф. Директорката на центарот, Александра Димевска-Јокиќ денеска појасни за МИА дека на овој начин, тие одбележале половина век од формирањето на првиот Нарконон во светот.

– Сега во светот постојат околу 50 вакви центри. Секој на свој начин го одбележа значајниот датум. Нашиот Нарконон Балкан одлучи да даде придонес во општеството. Го исчистивме целиот отпад од селото Конопиште, како и регионалниот пат од Мушов гроб до месноста Катуниште, нагласи директорката, заблагодарувајќи се на тимот од 25 лица кои чистеа, но и на службата „Мој општинар” при општина Кавадарци,  која е задолжена собраниот отпад да биде однесен на соодветно место.

Screenshot

Нарконон Конопиште постои 16 години, а неодамна беше кажано дека е еден од најуспешните вакви центри во светот. Овде на одвикнување доаѓаат лица од земјава, но и од странство. свд/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пониски цени за нафтените деривати

„Св. Кирил и Методиј”-Денот на сесловенските просветители е неработен за сите граѓани на С.Македонија

Мицкоски – Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите