Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Лани гевгеличани помалку позајмувале книги од библиотека

Лани гевгеличани помалку позајмувале книги од библиотека
300x250 opst2

Гевгелија,17 февруари 2020 (МИА) – Членовите на градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, близу илјада на број, изминатава година прочитале околу 7.000 книги, што претставува намалување за триесетина отсто во споредба со последниве години кога се позајмувале и над 10.000 книги, велат библиотекарите.

-Главна причина за намалување на позајмените книги е недостатокот на нови наслови на рафтовите на библиотеката, кој доаѓа како последица на фактот дека поради финансиската ситуација лани се набавени помал број на нови книги, велат од библиотеката и посочуваат дека бројот на позајмени книги расте само во месеците кога се одржуваат саеми на книги.

Изминатава 2019 година, гевгеличани најмногу читале белетристика на љубовни теми од популарни писатели, трилери и авантуристички романи, а учениците најмногу ги читале лектирите.

Градската библиотека во Гевгелија располага со фонд од 60.000 монографски публикации, комплетирани и вкоричени дневни весници и списанија, референтна литература, ракописи, документи, албуми и видеоматеријали. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

„Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет“

Јанески: Силата е во нас – со чесна работа да го обновиме Крушево